top of page
416056741_122156601368011468_6583506165527864323_n.jpg

Добредојдовте во нашиот клуб

Следете не на  Instagram

Најнови вести

Предстојни настани

Настани кои следуваат

За нашиот клуб

Mисија -  наша мисија е изградба на стабилен, професионален и успешен кошаркарски колектив на просторот на струмичкиот регион, но и на државно ниво.

Клубот да биде препознаен како здрав спортски колектив во кој добредојден ќе биде секој кој ќе сака да помогне и да даде свој личен придонес  за подигање на кошарката не само во Струмица, туку и пошироко, во Македонија, па и надвор од државата.

Зголемување на масовноста кај децата, промовирање на здрав живот и здрави навики, промовирање на придобивките од спортот и да бидеш дел од него, сето тоа се дел од нашата визија.

Во наредните 4 години формирање на стабилна прволигашка екипа која ќе биде дел од најелитното кошаркарско натпреварување во државата.

 

Визијата  - Клубот го гледаме како пример за спортско работење, во кој ќе бидат вклучени спортски работници кои ќе ја споделуваат нашата љубов и посветеност за кошарката,

Формирање повеќе младински селекции во кои ќе бидат опфатени што поголем број на кошаркари и кошаркарки со обезбедени услови за нивен напредок и усовршување,

Натпреварување во завршниците на сите младински категории

И секако сениорска екипа формирано претежно од играчи кои произлегле или тренираат во нашиот клуб да биде во врвот на македонската кошарка, со што не само што ќе дадеме придонес за градот, туку и на државата со промовирање на играчи кои ќе можат да бидат носители на репрезентацијата во разни возрасни категории.

Нашиот клуб може да се пофали со повеќе селекции кои згрижуваат различни возрасни групи и пол. Со преку 150 млади играчи и 5 посветени тренери, обезбедуваме негувачка средина за раст и успех на кошаркарскиот терен.

IMG_20241018_193604.jpg

Тренинзи

место и време

Во моментот нашиот клуб реализира тренинзи со 7 селекции, во 4 спортски сали, со 26 термини и уште 2 дополинтелни термини за индивидуална работа и доусовршување во текот на една седмица.

KK STRUMICA ROLING

KK STRUMICA ROLING

KK STRUMICA ROLING
КК СТРУМИЦА РОЛИНГ: КК ГЕВГЕЛИЈА М16

КК СТРУМИЦА РОЛИНГ: КК ГЕВГЕЛИЈА М16

00:00
KK STRUMICA ROLING vs KK ABA ( 2 POL)

KK STRUMICA ROLING vs KK ABA ( 2 POL)

20:28
KK STRUMICA ROLING vs KK GOSTIVAR2 M-14 ( tret natprevar 1/4)

KK STRUMICA ROLING vs KK GOSTIVAR2 M-14 ( tret natprevar 1/4)

02:04:41
bottom of page