top of page

Убедлива победа на сениорите против КК Шкупи!

Уште една убедлива победа на нашата сениорска екипа против екипата на КК Шкупи од Скопје со резултат од 96:72.

Како и во првиот дел од сезоната, така и на овој натпревар нашата екипа доминираше од првите моменти на натпреварот, па така уште во првата четвртина веќе имавме предност од 14 разлика. Во преостанатиот дел од натпреварот разликата се зголемуваше и се движеше од 20-30 поени за нашиот тим.

Сето ова придонесе сите играчи кои имаа помала минутажа во претходните натпревари да го дадат својот придонес на овој натпревар, но исто така и играчи од младинските категории за првпат добијат шанса за настап во сениорска конкуренција.

Честитки за сите учесници на натпреварот, за борбеноста и спортското однесување за време на целиот натпревар.

Благодарност и до публиката, кои и во овој нетипичен термин за одигрување на првенствен натпревар се собраа да им дадат поддршка на нашите играчи 💙


#СТРУМИЦАСАКАКОШАРКА



Comments


logo KK STRUMICA ROLING

070 31 54 45

070 81 81 70

078 21 40 44

070 37 46 26

Струмица, Македонија

СЛЕДЕТЕ НЕ

  • Instagram
  • Facebook
  • YouTube
  • TikTok

спонзори

спонзори

спонзори

спонзори

спонзори

Mio cafe
Opstina Strumica
Rined prevoz
Arena fitnes

КК СТРУМИЦА РОЛИНГ | СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ

DESIGN BY JCICIMOV

bottom of page