Двојна програма и двојна победа на нашите младинци!
- Jugoslav Cicimov
- Mar 9
- 1 min read
Updated: Mar 9
Перфектен викенд за нашите М-12 и М-16 селекции!
Први настапија М-12 селекција на домашен терен против екипата на КК Тиквеш од Кавадарци. Натпреварот беше израмнет до крај, но сепак нашите млади кошаркари покажаа победнички менталитет и извојуваа уште една победа со резултат 39:33. Со овој натпревар завршија натпреварите по групи и по 10 одиграни кола, М-12 селекција има 7 победи и 3 порази и се наоѓа на второто место на табелата со што се пласира во понатамошните натпреварувања.
Втори настапија М-16 селекција и тоа на гостински терен против екипата на КК Соколи 1933 во Штип, каде што извојуваа убедлива победа од 76:29.💪💪
Нашите момци со одлична тимска кошарка дојдоа до посакуваниот резултат. Најефикасен на натпреварот беше Давид Петров со 19 поени. Не застануваме овде, продолжуваме со напорна работа до уште поуспешни резултати.
Само напред момци 💪
Comentarios