И М-16 селекција ја започна втората полусезона со победа!
- Jugoslav Cicimov
- Feb 13
- 1 min read
Updated: Feb 17
По стапките на повозрасните членови на клубот и екипата составена од играчи до 16 години успешно ја започна втората полусезона во својата лига.
Со резултат 77 : 52 беше поразена гостинската екипа од Делчево, во натпревар во кој од почетокот па до крајот имавме контрола врз резултатот, па така во ниту еден момент од натпреварот не дојде во прашање нашата победа!
Честитки до играчите и тренерот за успешниот натпревар и им посакуваме успех и на следниот натпревар кој ќе го играме на гостински терен против екипата на КК Ринија од Куманово.
コメント