М-14 со доминантна игра ја надомести негативата од 5 поени од првиот натпревар со КК Тетова Булс 💪
- Jugoslav Cicimov
- 12 minutes ago
- 1 min read
По првиот пораз во оваа сезона од КК Тетова Булс во Тетово од 5 разлика, нашата екипа на возвратниот натпревар на домашен терен и пред домашната публика требаше не само да надомести негативата, туку и да покаже дека поразот во Тетово е само ден на слабост на нашата екипа, а не и нашиот вистински квалитет.
Тоа го покажаа уште од самиот почеток, кога дадовме до знаење на противникот дека во Струмица нема што да бараат, па така со агресивна игра, борбеност за секоја топка и луцидни завршници разликата само се зголемуваше, па така на полувремето веќе беше 22 разлика во наша корист.
Вториот дел требаше да се одработи и да се даде можност на сите во екипата да го дадат својот придонес во оваа за нас многу значајна победа, победа која не носи помеѓу 8-те најдобри екипи во државата.
Сега го чекаме следниот противник со кој ќе вкрстиме за влез во фајнал фоур, кој ни беше и цел на почетокот на сезоната!
Овие момци знаат и имаат материјал за остварување на оваа цел!
Само напред момци 💪
Comments