Сепак половичен успех на нашите екипи!
- Jugoslav Cicimov
- Feb 17
- 1 min read
Updated: Feb 17
По стартната победа на нашите младинци од М-16 селекција, овој ден не можевме да го заокружиме со двојна победа, бидејќи сениорите вечерва беа поразени од кошаркарите на КК Гевгелија на гостински терен.
Овој натпревар "мораше" да се загуби, а тоа уште на почетокот ни го најавија судиите од Кавадарци, кои само за 30 секунди досудија два непостоечки прекршоци на нашиот најдобар играч (Никола Мицев), а во текот на целиот натпревар, во моментите кога се доближувавме до противникот на 5-6 разлика стапуваа на сцена!
Дел од вината за овој пораз мораме и да ја бараме и кај нас самите, каде со некои непромислени одлуки им дадовме додатна комоција на домаќините, кои умешно ги искористија.
Мора да напоменеме дека на овој натпревар не можевме да сметаме на тројца играчи кои со сигурност ќе беа од исклучително значење на ваков натпревар.
Поразите се дел од спортот, но треба да се издигнеме и да продолжиме по патот кој ни е зацртан - влегување во втората кошаркарска лига.
Главата горе момци, одиме понатаму!

Comentarios